April 30, 2024, 11:15 am

(Видео)БОЈКО ГО ПРЕЧЕКА СИЛВЕСТЕР СТАЛОНЕ: „Ти сѐ уште си истиот Pамбо“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес Бојко Борисов се состана со Силвестер Сталоне, кој го снима продолжението на „Рамбо“ во Бугарија. Ова се гледа од видеото објавено во профилот на бугарскиот премиер на Фејсбук.

„Мислам дека поминаа 10 години откако се видовме“, му рече Борисов. Сталоне го попpави дека годините се 11. „Ти се уште си истиот Pамбо“, изјави Борисов. Тој покажа слика на претходниот состанок меѓу нив, објаснувајќи дека тогаш сѐ уште бил градоначалник на Софија.

На прашањето дали Бугарија му се допаѓа и дали е променета, Сталоне одговори дека се занимава со филмови и филмската индустрија и земјата е подобра од претходниот пат. Според неговите зборови, бугарските филмски работници градат побрзо од американските. Тој даде пример со некои од сцените во новиот Рамбо. „Над 62 километри сме изградиле метро. Паркови, градини“, одговори Борисов.

Потоа Сталоне  му покажа на Борисов трејлер на филмот и повторно пофали условите за создавање на филмови во земјата. Бугарскиот премиер коментира дека Бугарија ќе се натпреварува со Хрватска, каде се снимени делови од серијата „Игра на тронови“.

„Во Бугарија е многу студено во зима“, истакна Сталоне. „А во Македонија да не е поубаво? Таму е уште постудено. А тука ги имаме Банско, Пампорово, Боровец. Светско првенство за скијање имаме“, истакна Борисов и го покани американскиот актер да доаѓа да снима во Бугарија од мај па натаму.

Срещнах се с актьора Sylvester Stallone, който в момента снима продължението на "Рамбо" у нас. Благодарих му за добрите думи, които казва за страната ни. Сталоун е много доволен от българите, с които работи.

Posted by Boyko Borissov on Monday, June 3, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This