(Видео)ВО ЖИВО ОД УЛИЦИТЕ НА ДРАЧ: Oштeтeни објекти, луѓе на улица и cпacyвaчи на терен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оштетени објекти и испаничени луѓе е сликата од Драч утринава, каде беше и епицентарот на земјотресот кој беше почувствуван и во Македонија. Јачината на земјотресот беше со магнитуда од 6.4 степени, додека во Скопје е почувствуван со 3.5 степени

Силен земјотрес го погоди целиот регион на Западен Балкан утринава околу 04.00 часот, а истиот беше почувствуван во Грција, Црна Гора, Србија се до Хрватска.

Западна Македонија највеќе се тресеше од земјотресот кој ја погоди околината на Драч, односно местото Шијак.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а јачината била 6.4 според Рихтер. Вториот земјотрес кој следуваше веднаш, е со јачина од 5.4 степени со ист епицентар на длабочина од 10 километри.

Тетовчани, гостиварци, битолчани, дебарчани, охриѓани и стружани се на улиците и на социјалните мрежи. Скопјани беа во паника, а на улиците низ маалата излегоа и луѓе, а фотографии се споделуваат и на социјалните мрежи.

Во Скопје земјотресот е почувствуван со јачина од 3.5 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This