(Видео)ЗНАЕВ ДЕКА ПРОТИВКАНДИДАТОТ Е СЛАБ, АМА ДО ТОЛКУ: Во овој миг, битката ја бијам против целата Влада на Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес на прес конференција за медиуми. актуелниот и кандидат за градоначалник на Штип, Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ, изјави со какви предизвици и проблеми се соочува во поглед на кампањата која се води во Општина Штип во пресрет на вториот круг од локалните избори.

-Почитувани сограѓани, уште четири дена трае кампањата за вториот изборен круг, кампања која го направи Штип, центар на светот и центар на случувањата во Македонија.  Јас знаев дека имам слаб противкандидат, тоа го знаат неговите сопартијци од социјал демократскиот сојуз. Во овој миг, битката ја бијам против целата Влада на господинот Зоран Заев.  Значи цело време се присутни во Штип. Тоа покажува колку е значаен Штип и ми дадоа некое значење, јас мислев дека сум мал градоначалник, дека сум безначајна фигура, сега гледам колку сум битен бил во овој град и колку е битно Штип да добие прва градоначалник, изјави Илчо Захариев.

Тој напомена дека се соочува со деструкции од страна на СВР Штип во непречено работење на општината.

-Не само што се борам против целата Влада, туку се борам и против структурите на оваа Влада, против припадниците на МВР на СВР Штип, кои неосновано ги кочат сите оние проекти кои со одлука ги донел советот да се сработат.

– Тие велат дека се борат за живот за сите , но тие се борат само за подобар живот на нив, а не за подобар живот на луѓето на улица „Личка“ кои се соочуваат со проблеми од поројните дождови и за кои општината е одговорна да реагира, но е спречена од полицијата на СВР Штип.

Тој додава дека наместо Владата да си ја работи работата во Скопје, ти е се скоро сите во Штип да лобираат за Благој Бочварски, а за тоа време државата ни пропаѓа, економијата ни пропаѓа.

Тој понатаму ја потенцираше тортурата и притисокот кој го имаат граѓаните секојдневно од СДСМ за да гласаат за нив. Илчо Захариев ги охрабри граѓаните на подлегнуваат на притисоците и да не бидат изманипулирани и потпкупени од СДСМ со неколку пара чевли и добра и дека таквите работи треба да си ги земат бидејќи СДСМ им ги должи од претходно, а позади параванот треба да ги казнат поради ваквата потценувачка и лицемерна политика која што ја водат.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This