Шефицата на СЈО Катица Јанева претпладнево пристигна во обвинителството за организиран криминал каде беше повикана од нејзината колешка, обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска
Јанева е во својство на повикано лице, во рамки на истрагата за случајот „Рекет“ во кој две лица добија притвор.
Првоосомничен во случајот „Рекет“ е Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец.
Јанева е дел од истрагата за „Рекет“ откако во јавноста беа објавени аудио и видео снимки на кои се слуша како шефицата на СЈО разговара со обвинет во случај кој го води Специјалното Јавно обвинителство.
Претходно, од обвинетиот Боки13 и Кичеец наводно инкасирале 1.5 милиони евра како рекет.