(Видео)МИЦКОСКИ НАЈАВИ „БOMБИ“?: Лидepoт на ВМРО-ДПМНЕ пoвиka јавноста да го следи во наредниот период, ќе биде интересен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во периодот што доаѓа, следете не, ќе биде интересно – рече денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавените „бомби“ на опозицијата

 

 

На прашањето зошто досега не биле објавени материјалите кои укажуваат на криминал и вмешаност на Зоран Заев во афери како „Рекет“, шефот на опозицијата за „Инфомакс“ одговори дека во последните 25-26 месеци откако тој дошол на чело на ВМРО-ДПМНЕ, партијата се водела по подготвена стратегија за тоа кои чекори да бидат превземени до моментот на рушење на власта на СДСМ.

-Тој ден дојде, рече Мицкоски.

Во периодот кој што е позади нас, во овие 25 нецели 26 месеци откако сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ често пати имавме предизвици кои што беа исправени пред нас. Дел од јавноста велеше дека сме биле премногу меки, требало да биде вака, требало да биде така но ние чекоревме, размислувавме и подготвувавме стратегија за овој ден. Овој ден дојде, ова е денот кога времето почнува да се смета и ќе биде време после Заев. Дојде денот кога народот заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе има можност да се избори за една голема историска победа на 12. април и да ги порази сите овие неправди кои се случуваа овие речиси три години – рече Мицкоски.

Тој додаде дека треба да го следиме во период кој ќе следува бидејќи ќе биде интересен.

Обелоденивме многу криминали во минатото, обелоденивме и многу индиции за сторен криминал, презентиравме и докази. Следете не периодот кој што е пред нас ќе биде исклучително интересен! – заклучи Мицкоски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This