(Видео)МИЦКОСКИ ПРЕГОВАРА СО „АУДИ“: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на состанок со шефовите на „Ауди“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако Бранко Црвенковски и владата на СДСМ успеаа да го избркаат автомобилискиот гигант „Ауди“ од Македонија, кои при крајот на минатиот век планираа да инвестираат во фабрика во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ повторно прави обиди луксузната марка да ја донесе во нашата земја

 

Денешниот престој во Лајпциг на Конгресот на Германската демократска унија, покрај политичките состаноци, ќе имаме и состаноци со Извршните директори и претставници на најголемите германски производители на автомобили, но и други производители од машинската и електро индустријата. – изјави Мицкоски од Германија.

„Ауди“ важи за еден од најголемите производители на автомобили во светот. Минатата година „Ауди“ оствариле профит од 3.5 милијарди евра, и капитална вредност од 59 милијарди евра.

Овој автомобилски гигант вработува 91.231 човек во светски рамки.

На тие состаноци, наша цел е на опозиција која што си ја сака државата, како опозиција која што покажува пример како треба да се работи за државата во опозиција, но истовремено и да ги понудиме нашите капацитети човечки и професионални, но и економски – додава Мицкоски.

Шефот на опозицијата додава дека по 12 април, по промената на власт – како што сметаат од опозицијата, тие ќе покажат како треба да се работи во Македонија и дека имаме што да понудиме на овие мегалити на светската економија.

После 12 април 2020 година да покажеме што е тоа што Македонија може да им го понуди на овие производители, да ги повикаме и да ги поканиме да дојдат во нашата држава и да отворат производни погони. Да не дозволиме одлив на мозоци да останат обучените луѓе, учените луѓе кои што денеска масовно ја напуштаат нашата држава.

На овој начин покажуваме еден поинаков пристап дека државата се сака без разлика дали сте во опозиција или сте во владата. Но, она што денеска како опозиција го претставуваме ќе биде гарант за нив кога после 12 април 2020 година ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада во Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This