(Видео)НАВРЕДИ КОН ХЕРОИ НЕ СЕ ТОЛЕРИРААТ: Водителот го избрка од студиото американскиот експерт откако го навреди загинатиот пилот Роман Филипов!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот телевизиски водител Владимир Соловјов за време на дебатата во својата емисија го замоли американскиот експерт Григориј Виников да го напушти студиото откако овој започна да го навредува загинатиот руски пилот Роман Филипов кој загина откако беше погоден со американски преносен ракетен систем во рацете на терористите на Ал Нусра

Виников за време на емитувањето на програмата ја критикувал одлуката што на пилотот му е доделен статус на Херој на Русија. Тоа се случи кога другиот гостин во имисијата, претседателот на Комитетот за образование на Државната дума на Русија Вјачеслав Никонов предложи да се објави минута молк во чест на загинатиот.

Гостите во емисијата веднаш реагираа на репликата на Виников.

„Во Рсуија постои поим ‘почит кон смртта’ а посебно кога станува збор за херои“, рече Соловјов и набрзо го замоли гостинот да го напушти студиото.

Мајорот Роман Филипов загина на 3. фебруари. Терористите го соборија неговиот авион СУ-25 од пренослив ракетен комплекс. Филипов се катапултираше во област под контрола на терористиете, каде во текот на борбата со припадниците на терористичката организација активираше гранта. Погребан е на 8. фебруари на Коминтерновските гробишта во Вороњеж.

https://www.youtube.com/watch?v=_-rkClmHMYM

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This