(Видеоо)Како воодушевените странци ја опишуваат Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Јутјуб се појави видео снимка со десет интересни факти за нашата земја што, презентирни од американско момче. Стефан Фул на Ју тјуб објавува видеа со интересни факти за другите земји, а овој пат тој говореше за Македонија.

Накратко ова се десетте факти што тој ги споменува.

1.Од сите поранешни југословенски републики Македонија е единствена која се стекна со независност по мирен пат; 2. Охридското езеро е најдлабоко и најстаро езеро во цела Европа; 3. Мајка Тереза е родена во Скопје; 4.Според НАСА опсерваторијата во Кокино е четврта по ред најстара опсерваторија во светот; 5. Македонија има најмногу планини и планински врвови во светот; 6.Во Македонија не се користат помали парични деноминации од 1 денар; 7.

Иако најголемиот број земји во светот ја признале земјата како Република Македонија, во ОН таа сеуште се води како ФИРОМ; 8. Пештерата Пешна во Македонски брод, наликува на пештерата од филмот „Господар на прстените“; 9. Најголемиот освојувач во светот познат како „Александар Велики“ или „Александар Македонски“ се вика така, затоа што бил роден на територијата на земјата што се вика Македонија; 10. Опиумот што доаѓа од Македонија има најголем квалитет во светот.

ДРЕВНА ОПСЕРВАТОРИЈА КОКИНО

Одете по стапките на вашите предци од бронзеното време на Кокино – една од најстарите опсерватории во светот. Истражете ги древните пејсажи, седнете на троновите на старите племенски владетели и погледнете го небото низ карпестите нишани како што тоа го правеле првите набљудувачи пред илјадници години. Посетете го музејот во Куманово и погледнете ги објекти пронајдени во археолошките ископувања на и околу Кокино кои ќе ви ја раскажат приказната за градителите на опсерваторијата.

Опсерваторијата Кокино се наоѓа во атарот на општината Старо Нагоричане, на оддалеченост од околу 75 километри од Скопје, односно 35 километри од Куманово. До неа води асфалтен пат, а последните 500 метри треба да се пешачи за да се стигне до самата опсерваторија. Таа е поставена на врвот „Татиќев камен“, на надморска висина од 1 030 метри.

Опсерваторијата е откриена случајно во 2001 год. од страна на бугарски и македонски археолози, а во 2002 год. биле започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово. Таа е датирана во 1800 год. п.н.е., односно раното бронзено време, а се протега на површина од 5 000 квадратни метри.

Мегалитската опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени со стврднувањето на лавата, која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето.

Седумте камени маркери во минатото ги означувале местата за изгревање на Сонцето и Месечината во периодите на кусодневица, рамнодневица и долгодневица, како и нивните отклони. Сонцето, всушност, само на рамнодневиците – на 21 март и на 21 септември – изгрева точно на исток и заоѓа точно на запад. Потоа, постепено има отклонување кое изнесува до 45 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This