Струшките јавни патишта по снежниот бран кој ја зафати Македонија се целосно затрупани во снег.
Локалната власт наместо со специјални возила и машини опремени за чистење на патиштата, во Струга јавните и локалните патишта се чистат со градежни машини, кои според законот не би смееле да се движат по овие патишта, а уште помалку да ги чистат.
Иако според инженерите дозволеното законско оптоварување на две осовини за возилата кои се движат на овие патишта е 18 тони, голем број од градежните машини надминуваат 25 тони, а некои од нив достигнуваат и до 30 тони.
Надминувањето на дозволената тежина е недозволиво бидејќи овие машини прават огромни штети на коловозите и пропратните елементи како столбови, шахти, тротоари и слично. Истите штети се видливи.
Општината за сето ова мочли, но за жал нема реакција ни од надлежните органи кои треба да реагираат според законот за безбедност во сообраќајот и токму ваквите пропусти да ги спречи, отстрани или пак санкционира.