Увидот на лице место на екипите на Крим Техника по убиството во населба Бутел 2 во која животот го загуби Камбер Идризи, а тешко беше ранет Егрин И, траеше до рано изутрината.
Напаѓачите пукале со автоматски пушки, а жртвите се здобиле со повеќе прострелни рани во пределот на главата, градите и нозете.
По престрелката, поголема група пријатели и роднинни на нападнатите, околу 100 лица, упаднаа на Ургентниот центар по што асиситираше полицијата со екипи на ЕБР и АРМ која учествува во обезбедувањето на ковид центрите.
Идризи беше познат на полицијата, а бил советник на градоначалникот на Бутел Велибор Смилевски и пријател на потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.