(Видео)СЕ ВЛОШУВА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД И СТРУГА: Колекторскиот систем пред колапс, циклонот се засилува – отсечени патни правци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драматична е ситуацијата вечерва во Охрид и Струга, откако циклонот Алексеј кој донесе силни ветришта кои достигнуваат брзина до 80 км/час но и силен дожд, предизвикаа бранови по неколку метри кои го поплавија крајбрежјето на Охридското езеро

Како што информираат локалните медиуми, брановите го поплавиле целото крајбрежје во Струга, а поплавен е и Охридскиот плоштад како и угостителските објекти во близина на кејот на езерото.

Под вода се делови од кејот и улицата „Коста Абраш“ пред Капетанијата на пристаништата, кои ги заплискуваат бранови од преполентото езеро, што е вообичаено при вака висок водостој. Водата повторно навлегува во угостителските објекти на првата брегова линија во центарот на градот и населбата Канео. Во одредени објекти има нови штети – пишува Охридњуз.

Според локалните медиуми, под вода е и патот Охрид – Пештани, а непрооден е и стариот пат од Охрид кон Струга во близина на Охридскиот аеродром.

Стариот патен правец Охрид-Струга, во близина на аеродромот е пополнет со вода и ѓубре кои го исфрлаат големите бранови од езерото – пишува Охрид1.

Информации за поплави во угостителски објекти лоцирани на самиот брег на езерото вечерва доаѓаат и од Струга. Центарот за управување со кризи – ЦУК, предупредува на влошување на сотојбата бидејќи во текот на ноќта се очекува невремето да го зголеми интензитетот, а се најавуваат и обилни врнежи од дожд во утринските часови.

Како што дознава OhridNews, исклучително загрижувачка е состојбата со колекторскиот систем кој е пред колапс. Поради зголеменото ниво на подземни води колекторот не може да ги преработува отпадните води и практично тој не функционира. За ова МЈП Проаква со допис го известила ЕЛЕМ, во кој предупредува на можноста да се случи вистинска еколошка катастрофа, бидејќи висок е водостојот на Дрим кај пречистителната станица Враништа и може да дојде до излевање на непречистени води во реката. Поради тоа Проаква бара да се намали испустот на вода од Охридското Езеро во Црн Дрим на 20-30 литри во секунда.

 

Aleksej napagja…

Posted by Кочо Каневче on Saturday, March 31, 2018

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This