April 27, 2024, 12:33 pm

(ВИДЕО)Се сопна и падна на сцената, но Антониа Гиговска одново ги собра сите симпатии и отпеа маестрално

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фантастичното прво полуфинале на талент шоуто “Пинкови ѕвездички – All stars”, синоќа го затвори Антониа Гиговска, која настапи седма по ред со песната “Je t’aime” која во оригинал ја изведува Лара Фабиан.

Со својот настап Антониа по којзнае кој пат ги собра симпатиите од петчленото жири, но и многубројната публика која воздивнуваше на нејзиното пеење. Антониа за време на настапот доживеа и мала незгода, кога се сопна и падна на сцената, но тоа не беше проблем и воопшто не го наруши нејзиното одлично пеење.

Откако ја отпеа песната, Антониа ги дочека и коментарите на стручното жири, кои за разлика од изминатите 8 месеци немаа прилика да оценат кој ќе продолжи понатаму. Тоа сега е работа на публиката.

“Koга можеше Бијонсе да падне, можеш и ти. Најважно е што продолжи да пееш и после падот, и тоа најтешка песна. Ти честитам за твојата песна, јас и мојата ќерка често ја слушаме. Ти честитам и за пласманот на Евровизија кој го имавте заедно со Тамара, бевте одлични, тоа е голем успех за Македонија, јас со сето срце навивав за вас”, рече Гоца Тржан

“Ти си пејач од одличен калибар, се што сакаш можеш да ставиш како епитет за твојата перфектонст. Никој ништо не може да ти замери. Мојата другарка ми рече “Ако Антониа не победи јас го оставам телефонот”. Се надевам дека голем дел од нашата публика ќе гласа за тебе”, рече Леонтина Вукмановиќ.

“Немаше грешка. Не паѓаат сите, Бог им дава падови на избраните. Така да ти си вечерва избрана”, и порача на Антониа, Наташа Беквалац.

Во продолжение проследете го настапот на Антониа:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This