(Видео)ТРАДИЦИОНАЛНО: Првомајски трки со магариња во Стојаково!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Богданското село Стојаково е пример дека традицијата што гpижливо се негува и чува трае навистина долго. Пример за тоа е трката со магариња и коњи, која денеска се одржа по 68. пат.

– Трката се одржува секогаш на 1 мај, а почна да се организира од далечната 1951 година. Токму по нејзината атрактивност селото стана познато и за Денот на трудот почна да привлекува голем број домашни и странски гости кои во Стојаково секогаш ќе бидат добредојдени – велат од советот на месната заедница, кој е организатор на настанот.

Покрај трката со магариња и коњи, последната деценија настанот се збогати со трки на 100 и 3.000 метри во женска и машка конкуренција, скокање со вреќи, трка со велосипеди и влечење на јаже.

За најдобрите тројца натпреварувачи во секоја категорија, организаторите обезбедија скромни награди што ќе ги потсетуваат за нивниот придонес во одржувањето и негувањето на седумдецениската традиција во Стојаково.

Видеото е од не толку далечната 2009 година.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This