(Видео+фото) Гopeа маски пред владата, одекнуваше „yбиjци на народот“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 15 000 граѓани излегоа на улиците да го изразат револотот против најавените рестриктивни мерки кои треба да стапат на сила од утре, а со кои во угостителските објекти ќе можат да влезат само вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19 изминатиот месец ипол.

Со овие меркина граѓаните им се ускратува слободата, се кршат човековите права и се дискриминираат оние граѓани кои не сакаат да се вакцинираат.

Граѓаните се собраа пред Собранието, од каде сите заедно се упатија пред Владата, каде симболично беа запалени заштитните маски.

Силно полициско присуство ги следеше демонстрантите кои извикуваа „оставка“, „фашисти“, „Филипче фашист“, „Сатани“, „Масонско племе“, „убијци на народот“, „ајде Венко п*ши ми го к*рот“. Транспарентите како „Заштити ја планетата, отстранија ја елитата“, „Мое тело – божја сопственост“, „Моето тело е мој избор“, „Стоп за присилна вакцинација“ и „Слободата нема цена“.


Граѓаните одбиваат да го напуштат вечерашниот протест, што јасно го покажаа незадоволството на народот од присилната вакцинација која власта индиректно ја наметнува преку ограничување на правата на оние кои избрале да не се вакцинираат со експериментална вакцина чии несакани ефекти не се целосно утврдени, ниту пак целосно е потврдена нејзината ефикасност.

Протестот ќе продолжи и утре, во истото време, 19 часот пред собранието на република Македонија.

Апелираме, сите заедно да излеземе и да и кажеме на власта дека ни е доста од ваквите дискриминирачки мерки.

Владата на Република Македонија пред неколку дена донесе контроверзни мерки со кои на лицата кои не се целосно вакцинирани, односно кои не поседуваат сертификат за извршена имунизација им се забранува влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено. Мерката се однесува на лица над 18 годишна возраст.

За спроведување на овие мерки власта воведува и контрола при влезот на објектите, т.е. редарска служба која ќе проверува дали граѓаните кои сакаат да влезат се уредно имунизирани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This