(Видео+фото) Tpaгедија: Едно лице зaгинa откако со 160км/ч yдpи во друго возило

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно лице почина, а четири се повредени откако со патничко возило излетале од патот на улица „Маршал Тито“ во Богданци.

Според инфомациите до кои дојде редакцијата на Инфомакс, возачот, кој се движел со брзина од 160км на час, удрил во друго возило, по што загинал на лице место.

– На улица „Маршал Тито“ во Богданци, вчера околу 4 часот патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.С.(20) од Богданци, излетало од патот, соопштија од МВР.

Во незгодата возачот В.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде починал. Сопатниците во возилото Р.К.(19), Ѓ.Ш.(21), Д.Д.(21) и Н.Ш.(20), сите од Богданци, се здобиле со телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This