April 27, 2024, 11:05 pm

(Видео) Ангелов: Создаваме нова иднина – Ќе се насочиме на развој на алтернативниот и бањски туризам, секое едно населено место во Чешиново-Облешево ќе добие инфраструктурно поврзување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, за Општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов, на денешниот митинг истакна дека изминатите четири години се случи стагнација на општината, а се што добија граѓаните беше само неисполнети ветувања, токму затоа потенцираше дека граѓаните заслужуваат локална власт која ќе одговори на нивните потреби, ќе донесе развој и подобра иднина за сите.

– Одлуката која ќе ја донесете ќе се одрази на иднината на сите граѓани на општината и долгорочно ќе ја одреди насоката во која општината ќе се развива, рече Ангелов.

Тој истакна дека во неговата програма има проекти позади кои стои и кои навистина ќе ги реализира и се темели само на она што е реално и остварливо а тоа е:

Ќе направиме пристап до инфраструктура за секој граѓанин, чиста и здрава животна средина, квалитетно образование за нашата младина, развој на земјоделието, поддршка на земјоделците, развој на претприемништво, развој на алтернативен и бањски туризам, урбанизација на сите населени места и многу други проекти кои се од приоритетно значење за сите граѓани, изјави Ангелов.

Тој нагласи жителите на Чешиново-Облешево можат да бидат сигурни дека се што ветува ќе оствари и дека уште како член на Советот се соочил со нивните проблеми и потреби, токму затоа како градоначалник ќе има можност да делува и истите да ги реши.

– Ќе ги вклучам сите граѓани по принципот на неселективност, без привилегираност со иста мерка да го решиме секој предизвик бидејќи сум убеден дека тој е вистинскиот и единствениот начин да создадеме нова иднина. Општината е Ваша, Ваш е и изборот. Иднината на општината е во наши раце затоа заеднички Да создадеме нова иднина подобра и посреќна за сите нас, потенцираше Далибор Ангелов.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This