(Видео) Барањата на протеcтот се да се повтори cyдењето за уcтавобранителите со нови cудии и обвинители, бидејќи имаше лажни сведочења и наместено судство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното вонредно издание на емисијата Тешки муабети, Љупчо Палевски Палчо и Милош Милошевски зборуваа за семакедонскиот протест за правда на уставобранителите кој ќе се одржи во недела на 25 април. Гостинот во вечерашното издание, господинот Боби Темелков зборуваше за барањата на протестот за повторување на постапката со цел фер и правично судење на уставобранителите.

„Барањата се доста познати. Најбитно од се што ние посакуваме е да се врати се ова на повторно судење. Тоа е најосновното, најмалку што го бараме, бидејќи тие луѓе лежат невини во затвор. Како што знаеме, терористите беа во парламентот, а луѓето што влегоа, влегоа да си ја бранат својата држава. Имаме многу докази кои вие (Инфомакс) и самите ги изнесовте во вашата програма, дека имаме лажни сведочења, имаме наместено судство. Едноставно некој планирал овие луѓе да бидат жртвени јагниња. Ако не можеш по поголемите, организаторите, удираш по помалите, по тие што можеш. Каква е таа пресуда со тероризам? Било од која држава да се земе дефиницијата за тероризам, треба да има жртви, треба да има убиени луѓе, огромна штета. Кај нас, како што знам, имаше неколку скршени глави и тоа беше сѐ. Ако за нив тоа е тероризам, тогаш не дај боже да дознаат што е тероризам. Нашето барање ќе биде да се даде фер шанса со нови судии и обвинителни бидејќи е нелогично луѓе да бидат осудени на над 200 години затвор бидејќи влегле да си ја бранат својата земја“, истакна Темелков

Вонредното издание на Тешки муабети можете да го проследите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This