(Видео) Безкурпулозност на власта: Јa cликаа да и се видат лузните, а потоа ја избркаа од работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Фуркан Салиу на Фејсбук обзнани нов скандал поврзан со медицинскиот кадар во Македонија. Додека лекарите и другиот медицински персонал мака мачат да ја нафтасаат епидемијата на Ковид 19 во Македонија, на дел од лекарскиот персонал не му се продолжува договорот за работа, истакна Салиу. Како за пример новинарот ја зема Азра чија фотографија осамна на Фејсбук профилот на Венко Филипче како пример за пожртвуваноста на медицинскиот кадар и неговите лузни, денес Азра е оставена без работа, а нејзиниот договор не е продолжен.

-Лузните кои се појавуваа на лицето на Азра после цел ден носење на заштитна опрема, борејќи се да спаси живот повеќе беа многу битни за министерот Венко Филипче , кога требаше да ги објавува нејзините слики и да го користи нејзиниот труд за ПР.

Денеска тие лузни се заборавени! Заборавени се затоа што требаше да им се продолжи договорот.

Во време кога има недостиг на кадар, кога директорката на ИМП јавно изјави денеска дека би било добро ако има уште неколку екипи, Азра, нејзината другарка Исра, и на уште 40-тина медицински сестри, не им е продолжен договорот.

Замислете како би требало да се чувствуваат другите медицински сестри или лекари кога ќе прочитаат дека Азра и Исра, работеле од 01.11.2019 до 31.10.2020, во најтешкото време, кога не знаевме ни колку опасен може да биде вирусот, без здравствено осигурување, а денеска, без ниту едно објаснување се оставени на улица.

Навистина би сакал да верувам дека сум во сигурни раце кога ќе отидам во државна клиника, но зошто мене лекар да не ме третира, како што министерството и власта ги третира овие медицински сестри?

Лузните кои се појавуваа на лицето на Азра после цел ден носење на заштитна опрема, борејќи се да спаси живот повеќе беа…

Posted by Furkan Saliu on Monday, November 23, 2020

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This