(Видео) Без коментар: Дечињата од „Детелинка“ повеќе од две недели седат без парно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неспособноста на Александар Наумоски и СДСМ ги погодува нajранливите категории во општина Ѓорче Петров, вели Данијел Апостолоски, советник во Советот на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, откривајќи дека повеќе од две недели нема парно греење во градинката „Детелинка“ во склоп на основното училиште „Мирче Ацев“.

Над две недели во услови на светска пандемија која насекаде коси и кога температурите се блиску до нулата, воспитувачките и децата седат во ладни простории само заради тоа што Наумоски не им го решава проблемот со греењето. Дечињата наместо да се греат во текот на целиот престој, се греат само два часа на клима уред кој не ги загрева просториите согласно пропишаните стандарди, вели Апостолоски.

Додава дека срамота е општината и градоначалникот да нотираат функционални градинки во Ѓорче Петров, а во реалноста ништо да не прават да надминат еден ваков проблем во оваа детска градинка.

Ѓорче Петров е една од општините каде што има најмногу заболен персонал од КОВИД-19 во градинките и каде што најмногу дечиња се во изолација што отвора сомнеж дека има проблем во спроведувањрто на здравствените протоколи, а дополнително со отсуството на загреани простории во оваа градинка се зголемува ризикот за загрозување и здравјето на дечињата. Го повикуваме Александар Наумоски и локалната власт наместо да се грижат само како да исцртуваат нови згради и да печалат од нив, веднаш да најдат решение за овој проблем со цел да го заштитат здравјето на дечињата и на вработените, порача Апостолоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This