(Видео) „Бетмен велиТ“ – Диcлексија меѓу властите…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Богдан Илиевски-Бетмен, во најновото издание на „Бетмен велиТ“, ги кометираше најблескавите моменти кои ги одбележаа последните неколку дена, меѓу кои, секако, се најде и новопоставената табла на Клиниката за, како што беше напишано, Дермавенетерологија, како и уште неколку „блескави“ настани.

Инфектологот, проф. д-р Никола Пановски на својот фејсбук објави слика од новата табла во Поликлиниката Букурешт, на која се наоѓа една нова медицинска гранка, иновација, досега непозната за светската наука која се вика Дермавенетерологија.

Таблата ја сликал извесен д-р Гроздановски, кој сликата му ја пратил на проф. Пановски, а тој ја објавил на социјалните мрежи. Ден по објавувањето на сликата, авторот на истата бил прераспределен на друга клиника од страна на директорот на клиниката за Дермавенерологија односно Дермавенетерологија.

Според Доктор Гроздановски причината за оваа прераспределба е што тој ја сликал таблата со новиот назив на медицинската гранка.

„Па нормално дека ќе го прераспредели, не може доктор да не знае како се викаат новите медицински гранки измислени во Македонија. Впрочем, и премиерот Зоран Заев при отварањето на Клиниката за не успеа од прв пат да го погоди, па по неколку обиди, конечно успеа да го изговори правилно“ велиТ Бетмен.

Бетмен се прашува дали и премиерот, по ваквата грешка ќе биде прераспределен, па ќе останеме без него и неговите ветувања, како она за 500 евра просечна плата. Како ќе продолжиме понатаму, како воопшто ќе дојдеме до 500 евра плата без овој човек? А толку сме блиску до неа, или, како што вели Фатмир Бетиќи, вицепремиерот за економски прашања:

„Просечната плата била 22 000, за да биде денес 28 450“.

Сепак, состојбата надвор од кабинетот на владата не е така розова. Два денари плата зеле работници во Штип во септември.

Како два денари плата, кога 28 000 била платата и кога Бетиќи тврди дека:

„Јас знам дека моите сограѓани добиават повише пари во нивните џебови. Тоа е клучното“

Можеби овие со два денари плата не му се сограѓани. Но, дали му се сограѓани 102 вработени во виничкото комунално претпријатие „Солидарност“, кои за месец мај добија плата од 100 денари.

Од таму велат дека остатокот ќе им биде исплатен дополнително.
Ете, во право бил, не земаат повеќе два денари плата како во септеври, туку работниците земаат по 100 денари плата. Тоа е покажување од цели 50 пати. Браво за Владата. Плус, им ветиле дека нема да се само овие 100 денари, туку ќе добијат уште.
Значи, платите незапирливо растат ли растат. Точно е дека ветија просечна плата од 500 евра, само не кажаа, а и никој праша, дека тоа ќе е просечна плата за 300 луѓе од комуналното претпријатие во Виница.

Бетмен предложи, Битиќи, по примерот на министерот за внатрешни работи, кој соопшти дека истечените пасоши ќе важат и покрај тоа што се истечени, проблемот со виничани да го реши со обично соопштение.
Имено, МВР го информираше целиот свет за својата одлука, односно ги информираше сите министерства за надворешни работи, дека оваа НАТО членка донела одлука пасошите да важат, иако повеќе не важат. Но светот не е свесен за нашата големина и важност, па македонските граѓани кои му поверувале на кутрото МВР и тргнале на пат до и од Македонија со истечен пасош, биле враќани од гранични прмини и аеродромски терминали.

Слична тактика може да проба и со вработените во виничкото комунално претпријатие Солидарност. Може министерството за финансии да прати допис до сите продавници, ресторани, до водовод, ЕВН, бензински пумпи, дека за тие и тие луѓе, кои добиле по 100 денари плата важат уште 14 000 денари плата кои некој ден кај и да е ќе ги добијат, а дотогаш со писмо од министерот да може да пазарат насекаде..

„Силна држава сме, умна држава сме, нема што, Владата е одлична, народот не чини..“, велиТ Бетмен.

Инаку вистинска штета е што вработените во комуналното претпријатие во Виница не си го знаат значењето на името на претприлатието „Солидарност“. Па нели овие вработени треба да се солидарни со оние кои им мислат најдобро, а тоа се министрите во владата, кои на форумот во Преспа донеле солидарна одлука за укинување на лимитот кој може да го потрошат со службените картички.

Демек, ајде, дојде самиот в Преспа па ќе се почастиме.

Солидарен граѓанин на социјалните мрежи ги замоли министрите да му ги пратат барем фискалните сметки од гоштевањето во Преспа, за да ги скенира и да извади плата плус по оние винички стандарди. Тоа е грижа од владата, а не од неблагодарниот народ кој негодува за 100 денари месечна плата, и тоа за мај, можеби кога за јунската кога ќе им ја исплатата ќе биде барем 99, 102 денари.

Владата штедела дури и во Преспа инаку, да фрлиле некоја пара немаше да добијат ваква изјава од Алексис Ципрас, кој во Преспа ги реобниви заканите за грчкото вето доколку не се променат имињата на институциите согласно промената на уставното име, но и школските учебници.

Она што што ќе го заповеда Алексо, е оче наш за нашите институции. Или можеби била фрлена некоја паричка…

Директорот на Агенцијата за млади и северџанизам, Наумче Мојсовски, соопшти дена не можело Фудбалската Федерација на Македонија да продолжи да биде на Македонија, бидејќи примиле пари од државта. Според логиката на Мојсовски, бидејќи државата ти дала пари, треба да си го промениш името. Иако Преспанскиот договор бара промена на имиња на институции, кои примаат пари за меѓународни активности, што не е случај со ФФМ, сепак Мојсовски е упорен и немало да запре додека не го смени името на ФФМ. Каква упорност.

Бетмен предлага доследно да се почитуваат препораките на Ципрас, па покрај имињата, да се променат и учебниците, конкретно учебниците за спортска историја во кои ќе имаме мала интервенција поради ракометарот со број 18 кој чудно ја држи раката за време на интонирањето на химната.

За да напредуваме во евроинтеграцијите, раката ќе мора да се тргне, бидејќи кратка е раката на северџанизмот, плус покажува колкава вредност има човек кој кажува дека за паричка треба да се смени името.

Во пресрет на парламентарните избори во Бугарија, има на повдок нова коалиција, бугарскот ВМРО и македонското СДСМ. Вчера се појави видео спот на т.н. патриотска коалиција на ВМРО на Каракачанов во кој има видео снимка од Охрид, за кој велат дека е симбол на бугарштината. За жал, ништо ново од соседите кои не обвинуваат дека имаме територијални претензии кон нив и затоа ни ставаат вето за ченство во европската унија, а во спотови промовираат дека Македоинја е бугарска.

Но она што е ново е реакцијата на нашата страна. Имено, МНР испратило протесна нота поради овој видео спот на партијата на Каракачанов. Кога претходно Каракачанов мавташе со мапи на голема Санстефанска Бугарија, и со други видео спотови на кои се тврди истото дека Македонија е бугарска, немаше реакции од наша страна, бидејќи, како што изјавија премиерот Заев и вицепремиерот Димитров, тоа би било мешање во изборен фолклор на друга држава:

„Многу аргумении има дека се работи за пресдизборен фолклор и нема намера јас да влегувам во фолклор на соседна земја или на било која наша пријателска земја. За мене рто ае предвечерие на изборите и ништо повеќе ниту ништо помалку“, гласеше изјавата.

Кога претходно се зборуваше дека Македонија е бугарска, тоа беше предизборен фолклор, но сега, преку протестната нота на МНР, решија да влезат во изборниот фолклор во Бугарија, иако претходно не сакаа да го сторат за да не добива поени на партијата на Каракачанов за да влезе во парламентот, дали сега го сторија тоа за да и помогнат да влезе во парламентот во изборите, па повторно да не може да се направи влада без овие лудаци со фашизоидна реторика кои изроди кои блујат оган кон нас, а потоа се жалат дека била блуена омраза во спротивен правец?

Во предизборниот фолклор се приклучи уште еден габаритен, како тенк, политичар, Бучковски, кој за жал е наш специјален претставник во Бугарија, а кој пред неколку дена соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно за проблемите во преговорите. Она ВМРО-ДПМНЕ, кое изготви Резолуција за црвените линиии во преговорите со Бугарија.

Бучковски, кој изјави дека официјално се согласуваме дека имаме заедничка историја со Бугарија и дека бугарскиот народ е создаден пред македонскиот. Значи не носи штета оној кој тврди дека сме еден народ во две држави, туку оној што изготви црвени линии за да не се преговара за идентитеот..

„Можеби 1000 евра плата без додатоци не се доволно за да се бранат македонските интереси. Можеби, што би рекол играчот што носеше број 18 а сега носи број 0, некој фрлил некоја паричка“, велиТ Бетмен.

И за крај, како што изјави Гордана Кожуваровска, претседател на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот во Република Македонија, во овие врели и жешки денови да внимавате на сообраќајните навики, бидејќи можете, како што вели таа, да предизвикате покачување на температурите…..

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This