(Видео) Бившите сопартијци со тeнзичнa pacправа во собрание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Љупчо Пренџов од редовите на ГРОМ, во контра реплика на пратеникот Панчо Минов зборуваше за оправданоста на зголемувањето на буџетот неговата оправданост за судството и обвинителството.

„Ќе одам ред по ред господине Минов, прво кога се работи за буџетот, за дозволените вработувања за потребите за вработување и дали е воопшто доволен буџетот, јас само се водев по говорот на господинот Здравев. Во врска со извештајот на Прибе, исто така беше споменат од страна на господинот Здравев, јас само се наврзав на него. Така да јас воопшто не ставив нови теми на масата бидејќи ние покрај што разговараме за извештајот, разговараме и за начинот на којшто се презентира извештајот. Инаку мојата дискусија, за тие што ја слушаа, беше многу конструктивна дискусија, во којашто никогаш не кажав која политичка партија е во право или која не е политичка партија во право, едноставно ја ставив политиката и судството дека треба да бидат антагонизми, а не да бидат пријатели„“, реплицираше Пренџов

Пренџов го критикуваше Минов за неговата позната изрека „Ние со тоа си ја завршивме работата“, нагласувајќи дека токму на тој начин многубројни проблеми се турнати под тепих, поради што и земјаат се наоѓа во оваа незавидна ситуација.

„Понатаму зборувавте за тоа целото мое познавање дека сум го вложил во една дискусија, значи вие сте, ви кажав еднаш, ќе ви кажам уште еднаш, вие сте во ова Собрание познат како познавач на земјоделство, на овоштарство, на лозарство, вие се разбирате во медицина, се разбирате во вселена, се разбирате во надворешна политика и верувајте ми дека вашите критериуми за тоа колку јас знам воопшто не ме допираат. Она кое што ме допре, една реченица, е таа позната реченица којаштое е мајка на многу проблеми во ова општество а тоа е „Ние со тоа си ја завршиме работата“
овдека во собраниевого повторивме три пати. Господине Панчо Минов, вие сте пратеник од 90та година во ова собрание. Од што таквите генерации како вас ние со тоа си ја завршиме работата Македонија е на ова дереџе, и во судството, и во обвинителството, и во надворешна политика и во економија и во здравство и секаде. Од шо тоа ние си ја завршиме работата и натаму не не интересира оваа генерација на политичари нема право на грешка, нема право на ставање проблеми под тепих, бидејќи вашата генерација толку многу проблеми остави под тепихот, што едноставно нема простор каде да ги ставиме туку едноставиме туку едноставно мораме да ги вадиме и да ги решаваме“, нагласи Пренџов.

Пренџов потсети дека токму тој се бореше за зголемување на буџетот во судството и обвинителството.

„Понатаму во интерес на јавноста, зборувавте за како требало да се финансира судската власт. Јас бев многу дециден и кажав дека јас, и тоа е факт, има видеа, се борев а поголем буџет во судството и поголем буџет во обвинителството, вие бевте против. И на човекот му кажувам почитууван претседателе, ако барате зголемен буџет, дигнете го гласот, јас со име и презиме ќе ве поддржам, не зннам тука што не ви е логично“, потсети тој.

Пренџов додаде дека, спротивно на тврдењето на Минов, расправањето за судството влегува во надлежноста на собранинето преку именување на судии, но и определување на буџетот, кој иако се носи на предлог на Владата, Собранието може да одбие да го изгласа или да го прекрои.

„Понатаму, не може ние воопшто да не се интересираме како пратеници за судии. Господине Минов, иако сте праатеник од 90тие години, изгледа не знаете дека ова собрание бира судии. Ако вие бирате судии, или гласате, или го претставувате народот, вие мора го кажете кое е увството и перцепцијата на народот. Ама Љупчо Пернџов нека не ви ја каже перцепцијата на народот, ви ја кажува транспаренси интернешнал за тоа како народот гледа на судството и секоја можна анкета што се прави меѓу граѓаните ви кажуваат што мислат за судството. Јас поминав два типично партиски случаи бидејќи овдека и пратеник и политичар имам право да кажам што ги боли граѓаните. Ако според вас лично и вашето семејство Кацарска не е рак на рана, верувајте има десетици и стотици семејства кои тоа им е сол на рана ставање. Јас само тоа го апострофирав кое што го зборуваат граѓаните. Понатаму, господине Панчо Минов, не владата, не Бојан Маричиќ и министерството за правда, собранието одлучува колкав ќе биде буџетот на секја институција и секое министерство во оваа држава. Владата предлага буџет, ама собранието кажува како ќе игледа буџетот, не владата. Собранието може да не и го изгласа буџетот на владата. Собранието може да го прекрои буџетот на владата, и тоа е и те како наша работа и не дека ние со тоа „Ја завршиме работата“. Ви кажав што мислам околу таа ваша реченица.

Пренџов потенцираше дека токму ЌЕ политиките доа до иселување на нашите сограѓани.
„ Цело време зборувате ние ова ќе треба да го направиме вака, ние ова е треба да го направиме така, ние ќе треба да финснсираме така, ЌЕ. Доста е ЌЕ гсподиме МИнов, овој народ од ЌЕ се исели веќе. На оо народ му треба делување сега и веднаш. Од ЌЕ имаме 50% излезност. Уште малце вака ЌЕ и ќе имаме 30 % излезност. Е тоа на нокого не му оди во прилог, што никој од тоа наше на политичарите ЌЕ, граѓаните избегаа од оваа држава“, рече Пренџов.

Пренџов одговори и на обвинувањата дека го навредил премиерот, појаснувајќи дека тој само нагласил како енен премиер и политичар не треба да се оденува.

„И на крај го спомнавте и премиерот, не можете да не кажете неколку убави реченици за него, јас премиерот не го навредив воопшто, ниту го нападнав премиерот за ние да имаме причина да го браните, јас кажав дека било кој политичар во Македонија којшто ќе почне да дава изјави а судството, обвинителството, судските одлуки ќе си ги препишува како свои, секој политичар во Макдонија кој што вика јас ќе ви донесам правда на сите во судовите, јас ќе направам вака, само ги охрабрив судиите да му кажат и на власт и на опозиција каде му е местото. И затоа сте вие нервозен бидејќи вие не знаете принципиелно да дебатирате. Јас не го нпаднав премиерот. Сега е Заев премиер, тоа е факт, ја не го измислив тоа. Ама кажав и за претходните, кажав и за идните, кажав и за опозицијата. Ако ние одиме ЌЕ ЌЕ, ај ќе го браниме овој, ќе се спровнеме кај тој, затоа ни е државата на оав дереџе. На народот му епреку глава од непринципеност, а исто така и на ова собрание.“, заврши Пренџов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This