- Advertisement -
Опозицијата со поддршка за Европскиот Шампион во ракомет, РК Вардар. Денеска пред централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, ечеше ,,Вардарe не можам без тебе” во знак на поддршка за РК Вардар кој вчера ја израдува цела Македонија, освојувајќи ја втората титула во Лигата на шампиони во ракомет. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објави и голем број фотографии и постови со поддршка за клубот кој го следеше во живо во Германија и го бодреше во финалето и полуфиналето од најелитното натпреварување во ракомет во светот.