(Видео) Власта потроши половина милион евра за три фирми за маркетиншки услуги и промоции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешниот Коментар на денот во фокус се парите кои што власта ги дава за маркетиншки ПР услуги. Трет ден молк од власта за стотиците илјади евра дадени во ек на пандемија за организирање настани и маркетиншки услуги, во време кога низ цел свет е забрането да се организираат настани и да се групираат луѓе, изјави денеска во „Коментар на денот“ портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димса Арсовски.

Тој посочи дека половина милион евра завршиле во неколку фирми блиски до власта, кои пак давале маркетинг услуги на институции од оваа власти и дека очигледно е дека се е гола реклама, манипулација и сомнителен начин каде завршуваат парите на граѓаните.

– Две маркетинг агенции за две години земале над 300.000 евра, а друга маркетинг агенција на советник од СДСМ земала над 200.000 евра преку тендери од институции. Само од овие 3 фирми за кои што можеа граѓаните да прочитаат и видат се одвоени 500.000 евра односно половина милион евра во рок од 2 до 3 години за организирање настани и за маркетиншки услуги, истакна Арсовски

– Замислете наместо со тие половина милион евра да се обезбедат лап топ уреди или таблети за учениците кои немаат услови да следат настава, владата плаќа за маркетинг за да ги сокрие најкатастрофалните резултати од своето владеење. Но, не за долго, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This