(Видео) ВМРО-ДПМНЕ не е пpoтив дигитализација, туку пpoтив иckлучување на печатените учебници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешното издание на Неделен брифинг со Сотир Костов на Инфомакс, Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, зборувајќи за дигитализацијата во образованието која министерството за образование и наука ја на најавува веќе од следната учебна година во септември, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не е против истата, но бара покрај дигиталните учебници задолжително да има и хартиени.

„Губиме многу со дигитализација. И добиваме многу, така е. Затоа ние во собранието не сме против дигитални учебници. Ние сме против исклучување на печатените учебници. Мора да има и тоа и тоа. Процесото на дигитализација е нормално движење коешто мораме да го имаме, но морам да кажам, за жал, дека оваа влада и тука потфрла бидејќи тие постојано велеа дека дигитализацијата ќе им биде приоритет, а не гледаме дигитализација во ниту една област, освен ова сега што сакаат да го направат со учебниците, што нема врска со дигитализација, туку со некоја друга агенда којашто ја има Мила во главата.“,

Стојкова Серафимовска додаде дека во светот вакви експерименти за дигитализирање на учебните и наставни помагала се за дипломски студии, но никаде не се спомнува дигитализирани учебници за основното образование.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This