(Видео) Во живо: Директорот на ГТЦ запpeпастен, ништо не знаел, oд медиумите дознал за драмата која денес се одвиваше во неговиот објект

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Градскиот трговски центар, Ѓоко Трајчевски, во изјава за новинарот Фуркан Салиу, по драмата која денеска се одвиваше во трговскиот, изјави дека не бил информиран за тоа што се случувало во неговиот објект и дека прв пат слушнал за тоа од медиумите.

„Денеска дознав од медиумите, и јас сум запрепастен за ова што се случува во Гратскиот трговски центар, најодговорно тврдам дека не може да се контролира ситуацијата, бидејќи се работи за 500-600 дуќани, магацински простор, деловен простор и многу други простори коишто гравитираат низ ГТЦ“, изјави Трајчевски..

За комбето, кое со месеци е паркирано таму, тој исто така изјави дека не знае ништо и дека не стигнала до него таква информација.

„Не знам не стигнало до мене ништо, оставаат дуќанџиите комбиња, возила, така да, не е само комбе, може и возило да остават. Економската сообраќајница е за дотур на стока, така да, немам информација дали ова комбе стоело долу подолго време“, вели директорот.

Трајчевски додаде дека утре ќе се информира во полицијата, за да види што понатаму.

Следете во живо ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This