(Видео) Големи протести во Црна Гора, опколена зградата на парламентот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поддржувачите на т.н. патриотските сили кои денеска се собраа пред парламентот на Црна Гора во знак на протест против најавеното усвојување на измените и дополнувањата на Законот за слобода на вероисповед во парламентот, започнаа да се растеруваат.

Насобраните почнале да се растеруваат на барање на поранешниот премиер, потпретседател на опозициската Демократска партија на социјалистите (ДПС) и пратеник во Собранието Душко Марковиќ.

Пред зградата на Парламентот на Црна Гора, членови на т.н. патриотски сили, односно приврзаници на претходната влада на Демократската партија на социјалистите и на Мило Џукановиќ протестираат против предложените измени на спорниот Закон за слобода на вероисповед.

Откако се разотидоа од платото пред Собранието околу 14,15 часот, тие повторно се собраа во помал број околу 17 часот.

Денес, Парламентот на Црна Гора разговараше за измените на спорниот Закон за слобода на вероисповед, што Српската православна црква го оцени како удар врз нејзиниот имот, што доведе до протести низ целата земја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This