April 28, 2024, 11:56 am

(Видео) Гори во Света Гора: Пожapoт го гaснат авиони и хеликоптери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гори Света Гора. Пожарот во кој се загрозени 39 монашки ќелии почнал во шумата кај местото Света Ана утринава, а сѐ уште го гаснат два авиони, два хеликоптери, 11 возила и 39 грчки пожарникари.

Местото кадешто избувнал пожарот најпрвин било недостапно, но и ветровите го отежнале гаснењето.

– Иако во таа област дуваат силни ветрови, се чини дека ситуацијата е подобрена. Беше околу осум наутро кога дознав. Сѐ започна на непознат начин – велат од испосницата на Света Ана, која припаѓа на светиот манастир Велика Лавра.

Пожарот избувна во правец на плажата, а 39 ќелии беа загрозени.

– Авионите постојано летаат, додека противпожарната бригада и крајбрежната стража се на самото место – потврдуваат властите во Грција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This