Државата не би требало да отпишува долгови за струја, сепак меѓу нас најголемиот дел се редовни плаќачи – вака генерално размислуваат граѓаните откако премиерот Заев најави отпис на долг од 110 милиони евра на 200 илјади семејства и граѓани. Тие не се против да им се помогне на посиромашните, но велат не на овој начин.
Владиниот портпарол вчера за Алфа објасни дека не постои конкретна анализа за тоа како се дошло до бројка од 200 илјади семејства, од кои делови на Македонија се луѓето кои би биле опфатени со мерката. Недостасуваат аргументи. Нејасно им е и на експертите, како ова би се извело ако конкретна и сеопфатна проценка нема.
Остануваат дилемите како е можно да се отпишуваат долгови на лица кај кои веќе се активирани извршители, кој ќе ги плаќа судските трошоци?
Дилемите без одговори во овој момент звучат само популистички. Вака размислуваат граѓаните кои иронично дури се шегуваат на социјалните мрежи.
Во меѓувреме, од компаниите ЕЛЕМ и ЕВН кај кои, според власта, постои волја ова да се изведе, официјален став како тоа би се реализирало – нема