(Видео) Грозданов: Платил ли Мактел данок за 148 000 евра заработени од банери?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешната епизода на „Неделен брифинг“ со Сотир Костов на Инфомакс гостуваше Виктор Грозданов, медиумски работник, кој зборуваше Мактел и заработката на тој медиум од банери објавени на неговата интернет страна, кометирајќи дека се сомнева дека е платен данок од таа заработка.

„Сајтот МАКТЕЛ.мк, во којшто твори негов сопственик, господинот Саше Ивановски или Саше Политико, на основ на објавен медиумски план, колку му чини еден банер, во маркентишкиот дел, и по однос на преброени банери, броев доста внимателно една година, цена, денови, недели, број на банери, значи треба да има собрано вкупно 148 000 евра“, открива Грозданов, додавајќи дека веќе еднаш ги објавил бројките во јавноста, но не бил демантиран.

Грозданов упати прашање до Саше Политико, дали го има платено данокот на објавените банери.

„На целиот оној низок речник, којшто се употребува, дали го има платено данокот на објавените банери? Јас мислам дека не, ако го има, секоја чест, и на тие што објавиле, и на тие што платиле. А на тие што објавиле бесплатно, и коишто он ги става бесплатно, треба да им кажам дека во финанските текови секогаш има и издадена и примена фактура, да го знаат тоа, значи данокот се плаќа и така и така. Тоа се златните правила во медиумите и тоа не можеш да го избегнеш“, нагласи Грозданов.

Гостувањето на Виктор Грозданов во живо можете да го следите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This