(Видео) Грозданов: Порталите мора да бидат законски регулирани, кога ќе има kaзни, ќе останат само 15 портали во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешната епизода на „Неделен брифинг“ со Сотир Костов на Инфомакс гостуваше Виктор Грозданов, медиумски работник, зборувајќи за медиумите и нивната регулатива од страна, истакна дека е неопходно порталите да бидат законски регулирани

„Јас сум најголем заговорник дека порталите мора да се стават под директна регулација. Ако вие сте се сконцентрирале само на еден сајт и ако сакате да имате дополнителни изданија тоа е развој на индустријата. Ако јас отворам десет асајтови, јас ви ја уништувам бизнис атмосферата. Не може да се дели реклама за 2000 денари. Тоа се случува во моментов. Не може да се дели ПР текст за 3000 денари. Ама затоа, вие што работите по порталите, најдобро знаете колку во моментов има гледачи, колку е тоа дневно, неделно и годишно ниво. И ако јас имам 1300, 1500 гледачи, имам читатели, имам групи, имам влијание во социјални мрежи, бидејќи вие сте први по последните анкети, тогаш е природно да оние коишто работат маркетинг, без разлика каква е вашата уредувачка политика, колку и мене да му се допаѓа, или да не ми се допаѓа, ја треба да определам буџет токму кај вас. А не можа да определам буџет во кој ќе тврдам дека Владимир Путин е алчно копиле и таму да имам 50 банери и никому ништо. А премиерот отвара прес конференција со истиот господин.Не можеш ти да си дозволиш. Употребувај ти таков јазик, една по друга казна, значи мандатни казни, Кога ќе се ставиме под капа, кога за секој таков текст ќе добиеш по 500 евра казна и кога ќе ти влезам во сопственичкиот дел на твојот сајт, бидејќи ќе нема како да ги исплаќаш, ја ќе ти ги проценам и ќе речам, ќе ти го дадам на продажба сајтот, тогаш ќе разговараме поинаку. Во исто време сајтовите ќе се класифицираат“, појасни Грозданов.

Грозданов прогнозираше дека во таков случај, во Македонија би опстанале едвај 15 портали.

Гостувањето на Виктор Грозданов во Неделен брифинг на Инфомакс мoже да го проследите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This