(Видео) Демонстрантите дивeeја и пaлеа низ улиците: Продолжуваат мacoвни пpoтести во Барселона

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Демонстрантите во Барселона фрлаа шишиња и камења кон полицијата и запалија контејнери за отпад во предградијата на Барселона, Виланова и Ла Гелтру, објави полицијата во вечерва.

Полицијата ги повика локалните жители да се држат настрана од „насилните групи“ во близина на градското уметничко училиште заради нивна сопствена безбедност.

Протести се одржаа и во каталонскиот град Манреса, северно од Барселона, каде демонстрантите се собраа во близина на полициската станица и наводно фрлале петарди кон полициските комбиња.

Деветта ноќ по ред се одржуваат протести во шпанската провинција Каталонија поради апсењето на раперот Пабло Хасел за навреда на монархијата и повикување на тероризам на Твитер.

За време на фудбалскиот натпревар помеѓу Барселона и Елче на стадионот „Камп Ноу“ беа одржани протести на повеќе локации во Барселона.

Сепак, протестите во средата беа многу помирни од претходните ноќи во главниот град на Каталонија.

Во немирите во Барселона во текот на минатата недела беа забележани пожари на улиците, напади врз полицијата, ограбување продавници и провалување во банка, а еден демонстрант изгуби око откако наводно беше застрелан од полицаец гумен куршум. За време на протестот се уапсени најмалку 110 лица, пренесува РТ.

https://twitter.com/noticiesCB/status/1364657906306662405

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This