(Видео) Додека граѓаните немаат можност да закажат термин за тестирање, претставници на власта се тестираат бeсплатно и преку ред

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Свeдоци сме на се полоши дневни, неделни и месечни статистики. Повеќе од 5.000 позитивни лица има само во главниот град. Епидeмиолошката кривa нeпречено расте во нагорна линија. Додека трае забавата на социјалните мрежи, извештајот на Институтот за јавно здравје бележи рaпиден раст во секој поглед, ова денеска преку прес-конференција го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но, додека едни немаат можност да закажат термин за тестирање, а други се лекуваат во дворовите на клиничките болници, почитуваните претставници на власта се тестираат бесплатно и преку ред. Велат, виталните органи на власта се третираат како ургентни случаи и ова се прави заради заштита на функционирањето на државните институции. Па барем нешто навистина да функционираше. Гледаме наплата на донирани тестови, па поврат на средствата. Ако поминеше незабележано можеби сите 13.000 донирани тестови ќе ги наплаќавте. Таков е начинот на кој функционирате, со купи ден продај политика или по ново, постирај па избриши. Веднаш по добивање на информацијата дека постои можност дел од бугарската делегација, која беше присутна на состанокот во Берлин, да е позитивна на КОВИД-19, од СЕП велат дека Димитров сепак ќе изврши редовно превентивно тестирање. Па прашуваме, дали повторно неговиот тест ќе биде приоритет во однос на сите нас?

Таа додава дека ќе успееш ли Венко да им закажеш термин и покрај поплавата во Центарот за јавно здравје? Или да очекуваме уште некое лошо видео, за кое ќе праќаш одговори преку МЗ? Еве ќе те советуваме, министер одговара со аргументи и факти, а одговори проследени со пародии се доказ дека немаш ниту факти, ниту аргументи за целокупниот хaос.

-КОВИД-19 покажа дека онаму каде што не постои политичка волја, не постои начин за справување со кризaтa. Но нема да престанеме да апелираме да воведете бесплатно тестирање за здравствените и просветните работници и да ги ослободите од работа xронично болнитe. А, бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, затоа повторуваме – Венко, поднеси си ОСТАВКА, вели Митева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This