(ВИДЕО) ЕКСПЕРИМЕНТИТЕ НА ПРОФЕСОР ПО ФИЗИКА: Го воодушевија светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Студентите на Дејвид Рајт, професор по физика на колеџот „Тајдвотер комјунити“ во Вирџинија Бич, споделија видео од неговите експерименти.

На видеото се прикажани многу од експериментите што ги изведува, но она што го издвојува од другите професори по физика е неговиот ентузијазам, кој инспирирал многумина од неговите студенти.

„Ме прашуваат од каде имам толку многу енергија. Не знам, едноставно ја имам. Мојата енергија е она со што им влијаам на студентите“, вели професорот, кој веќе четири децении го пренесува своето знаење на часови што остануваат во меморијата на неговите студенти до крајот на животот.

Студентката Ерика Черч на „Твитер“ објави видео во кое може да се видат неколку негови експерименти, а кое го гледаа милиони луѓе.

„Ако не сум ентузијаст за часовите, нема да бидат ниту тие. Сакам да бидат возбудени поради науката, не само да научат и да го положат тестот. Сакам тие да мислат – „ова е неверојатно“, изјави Рајт за Си-ен-ен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This