April 27, 2024, 11:37 pm

(Видео) Експертите контра Царовска: Само преку самостоен предмет историја може да се овозможи развој на критичко размислување и формирање на вредности и ставови кои од учениците би произвеле слободни и одговорни граѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По речиси два месеци инсистирање од страна на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за одржување на јавна расправа по однос на концепцијата за основно образование, денес конечно во законодавниот дом, министерката за образование и наука, Мила Царовска, со силна поддршка лично од премиерот Зоран Заев се одважија да присуствуваат на пошироката дискусија по повод најавените реформи во основното образование. Оваа јавна расправа иако ја инициравме како парламентарна опозиција и истата се одржува во рамките на собраниската комисија за образование, наука и спорт, уште на самиот почеток беше искористена, повеќе од час и половина, за политичко-пропагандни активности на владејачката СДСМ, изјави на денешната прес конференција Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Иванка посочи дека наместо приоритетот и фокусот на отворањето да се остави на пошироката стручна јавност, му се остави простор и значење покрај на веќе споменатите и на градоначалникот од редовите на СДСМ, Петре Шилегов.

„Она што сметаме дека е важно за јавноста да го знае е дека по промотивниот дел, претставниците на извршната и на локалната власт се исклучија од медиумскиот простор и со тој чин на јавноста и беше оневозможено да ги следи заедно со нас народните преставници, излагањата на експертите по оваа тема“, рече Василевска.

Од досега изложените анализи на присутните експерти впечатокот е дека има огромна критика кон пристапот и кон методолошката рамка врз основа на која е конципирана оваа образовна реформа. Особено се почувствува разликата и демагошкиот пристап на професорите кои ја имаат улогата на бранители на концептот, а тоа се професорите Барбареев и професорката Бешка, откако започнаа и другите говорници да ги фрагментираат и вивисецираат грешките и нелогичностите во вака понудената платформа за образование. Апологетите на овој концепт невешто се обидоа да не уверат дека нема причина за загриженост со тоа што изјавија дека предметот историја ќе биде наречен и форматиран како историја и општество, но професорката Колозова ги разобличи овие демагогии со тоа што во својата одбрана на оваа реформа искажа дека треба да се наметне концептов и тоа што поскоро и сите треба да се научат на истиот, ние велиме дисциплина на кичмата. Ваквиот режимски пристап на оваа нарачана реформа од нашите соседи и несигурниот и крајно непрофесионалниот пристап во нејзината одбрана беше соборен од страна на дузина професори и експерти од областа на природните, општествените и хуманистичките науки од Република Македонија.

Почитувана јавност, дозволете ми во интерес на транспарентноста да ви цитирам еден фрагмент од дискусиите на истава јавност.
Професорот Минов истакна „Креаторите на концептот знаат само дека преку самостоен предмет историја може да се овозможи развој на критичко размислување и формирање на вредности и ставови кои од учениците би произвеле слободни и одговорни граѓани“, додека на крајот му се обрати на професорот Барбареев со напомена дека неговите украсени фрази со наводни цитати од револуционерот Гоце Делчев, се дел од филмско сценарио од авторот Славко Јаневски, а не оригинални ставови на најголемиот македонски деец, учител и револуционер Делчев.

Прес-конференција на Иванка Василевска, 05.02.2021

Прес-конференција на Иванка Василевска, 05.02.2021

Posted by infomax.mk on Friday, February 5, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This