(Видео) ЕПИДЕМИЈА НА НЕПОТИЗАМ: Градот е под целосна контрола на кадрите на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сериозна запаза од епидемија на непотизам владее и во Прилеп, град кој е под целосна контрола од кадрите на СДСМ, изјави на денешната пресконференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Арсовски нагласи дека Во Прилеп, нема функционер на СДСМ кој што не си ја вработил целата фамилија, почнувајќи од градоначалникот за кој имаше постапки во ДКСК, па се до најнискиот партиски активист кој што работи во општината или било на кое друго место во државната администрација.

Во своето обраќање до медиумите тој ги наброја случаите на непотизам на локално ниво односно во Општина Прилеп.

Прв случај, директорот на ОУ „Гоце Делчев“, Веле Георгиоски, кој си го вработил својот син Славчо Георгиоски во Јавното претпријатие за стопанисување со јавен станбен и деловен простор. Ни помалку, ни повеќе на место каде што платата е далеку повисока од просечната плата.

Втор случај, Советникот на СДСМ во Општина Прилеп, Шеверкоски, си ја вработил својата ќерка Весна Шеверкоска во општината, во општината каде што тој самиот е советник, а другата ќерка Цвете Божиноска си ја вработил во подрачно училиште во с. Обршани. Онаму каде што тој самиот е советник од СДСМ, ја вработува ќерка си, па еве нека ги убеди граѓаните дека немал никакво влијание за овие две вработувања.

Трет случај, досегашниот командир на полициската станица Прилеп, партискиот полицаец на СДСМ, Кире Спиркоски, сестрата на сопругата, Викторија Јовческа ја вработил по ново во општина Прилеп. Најверојатно како награда за работата која што ја вршел до сега за СДСМ, како командир на полициската станица.

Четврт случај на непотизам во Прилеп, Круме Симоноски инаку комерцијален директор на Тутунски комбинат во Прилеп, близок до функционерите од СДСМ, си ги вработил и сопругата и нејзината сестра во Тутунски комбинат каде што самиот е комерцијален директор. Еве и тука нека ги убедат граѓаните дека немале никакво влијание во ова вработување.

Прилеп е општина која е зapобена од неколку фамилии од СДСМ, изјави Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This