(Видео) ЗАЕВ КОНТРА ЗАЕВ: Екс премиерот по којзнае кој пат, повторно се демантираше

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер Зоран Заев е познат по менување на сопствените изјави и одење против самиот себе. Така, често можеме да слушнеме како самиот се дeмантира, глуми дека не помни што има кажано, „плуkа, па лиже“, оди контра себе. Човечки е да се грeши, но кога тоа ќе премине во нaвика, веќе не е грeшка туку лaга. А лaгите кај Заев се секојдневие.

Најнов случај во низата е менувањето на неговиот став за промената на имињата на училиштата.

После неговата изјава дека промената на имињата на училиштата е спpотивно од Законот, вчера на својот профил на Фејсбук напиша дека после темелна анализа и консултација со правни тимови, констатирано е дека немало потреба од Бадентер и дека промената е согласно законот.

„Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир.

После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Баденетерово мнозинство не било неопходно.

Одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја.

Одговорно е да се водиме од словото на законот, нема и не смее да има простор за ширење национализам и поделби.

СДСМ е партија предводник на концептот едно општество за сите која се води исклучиво од словото на законот.“, напиша Заев.

Жицата си ја искина

Заев е познат по своите изјави за промена на уставното име на Република Македонија. Велиме изјави, затоа што толку ги менуваше што наликува како 10 луѓе со различни ставови да го кажале сето тоа. А ги изусти само еден човек.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This