Лесен летен колач кој ќе ве освои.
СОСТОЈКИ ЗА ПОДЛОГА:
300 гр мелени бисквити, 200 гр рендано чоколадо за готвење, 100 мл млеко.
СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:
500 мл млеко, 1 ванила, 80 гр гриз, 50 гр кристал шеќер, 200 гр кокосово брашно.
СОСТОЈКИ ЗА ГЛАЗУРА:
100 мл слатка павлака, 100 гр чоколадо за готвење, 1 лажичка кокосово масло.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
За подготовка на подлогата, измешајте бисквити и чоколадо, додајте млеко и соединете. Подготвената подлога распоредете ја по дното на калапот.
Филот подгответе го така што ќе загреете млеко и шеќер, додајте гриз, згответе па додајте кокосово брашно. Филот распоредете го преку подлогата.
Потоа во 100 мл слатка павлака додајте кокосово масло и чоколадо. Гответе додека не се растопи целото чоколадо. Прелијте преку колачот. Оставете 3 часа во фрижидер.
Уживајте!