(Видео) Златко Марин и СДСМ подмитyваат новинари?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најновата тактика на СДСМ е ако немате проекти давајте награди! Златко Марин на пример во Аеродром нема проекти ама му текнало да подмитува новинари, со конкурс во кој што би го фалеле колку е паметен и убав и како фино би било тој или СДСМ да останат уште четири години на власт. Тоа што нема гимназија, а се удави општината во бетон и смог, тоа нема врска. Важно Златко Марин и Советот на Аеродром воден од неговите кумски врски се досетиле како да ги подмитат новинарите и медиумите најмалку два месеци да пишуваат се најдобро за нив, и за тоа нудат пари- за новинарскиот свет- многу пари!, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ НАум Стилковски.

Златко Марин и неговиот совет распишале јавен повик за натпревар на новинарско медиумски дела за тоа кој најмногу ќе им ја фали предизборната кампања, онаа со европско знаменце, и да, онаа која што се предвидуваат Голф терени во Лисиче! Марин нуди 90 000, 60 000 и 30 000 денари, три награди за тоа кој новинар најубаво ќе го испофали во рок од два месеци! Ако не верувате одете на општинската интернет страница, појаснува Стоилковски.

Пазете што вели огласот, дека ги мотивира новинарите и/или медиумите да конкурираат со досега необјавени истражувачки стории од разни аспекти на живеењето во Општина Аеродром, ама поврзани со Стратегиската платформа на Марин и СДСМ. Значи, видете како е во долно Лисиче, ама и како ќе светне таму со еден голф терен, па и Тајгер Вудс тука би се преселил!
И згора, Марин се досетил, не само да снимат и конкурираат, туку пред да конкурираат, обврзани се да го објават тоа на медиумите и да дозволат негова дополнителна објава во други медиуми – значи Марин и СДСМ да бидат исфалени, тоа да трае два месеци, а потоа да се послужат со материјалот за изборни цели!, додава тој.

Значи бујрум новинари, вие делкајте прилози во кои што ќе ги фалите Марин и СДСМ во Аеродром, ќе ја фалите предизборната стратегија, ќе го кревате рејтингот на СДСМ во Аеродром каде што се не на дното, туку во минус, и очекувајте некој фин „неутрален“ новинар да добие награди!, реагира тој.

И во овој момент сега и тука, ги повикувам ЗНМ, Високата Школа при МИМ, како и други релевантни новинарски институции да се произнесат, што тие мислат за оваа наградна игра на Златко Марин и СДСМ во Аеродром, за ова предизборно подмитување на медиуми и новинари?, прашува Стоилковски.

Да се изјаснат кој тоа во оваа држава може да дава новинарски награди на ваков конкурс, во ваков период и со ваков приод? И притоа, да побараат кои се тоа членовите на Комисијата во Аеродром, кои што не се објавени, а и се непознати, барем до таму, до каде што јас прашав? Кои се тие што ќе оценуваат Методологијата, новинарски стил, релевантност на тема или ќе оценуваат за новинарските и етичките стандарди кои ќе биле употребени во прилозите?
Она пак што јас директно прашувам во име на граѓаните на Аеродром е зошто Златко Марин и СДСМ наместо кон поткуп на медиуми, буџетот не се насочи кон проекти за општината?
На пример, тие 180.000 денари, или три илјади евра зошто да не послужат за расчистување на терен за новата Гимназија која што абер нема да ја изгради а ја вети? Тогаш верувам многу повеќе ќе го имаше во медиуми, и тоа без конкурс!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This