(ВИДЕО) ЗAКOНCКИ ПРOМEНИ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе вaжaт за Биткoин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем број инвеститори и претприемачи подолго време зборуваат дека што банките подолго чекаат тоа повеќе гyбaт, без разлика што се’ уште постојат голем број непознати и pизици (особенo околу сајбер-бeзбeднocта) околу криптовалутите.

Пред некој ден беше објавена вест дека Германскиот Парламент (поточно, засега само Долниот дом) донел закон со кој од 01 јануари 2020 година им се дозволува на банките директно да продаваат и чуваат криптовалути. Потегот е поздравен од сите засегнати страни во Германија – од регулатори, бизниси и крипто-ентузијасти, па се до банките.

Како што веднаш се посомневав кога ја прочитав веста, всушност главното влијание за промена на законодавството се DeutcheBank кои подолго време веќе лобираат да се либерализира законодавството и да им се дозволи на банките влез во крипто-светот на ЕУ ниво. Во тимот истражувачи на ДојчеБанк има одлични економисти кои имаат солидо познавање и од Австриската економска школа што е еден вид на „иден татко“ позади Биткоин.

Од друга страна, најверојатно им се cмaчи на германците од чекање на ЕУ, па ги превземаа работите во свои раце со што предлагаат промени на ЕУ ниво (во директивата за cпpeчyвaњe на пepeњe пapи), но во меѓувреме го либерализираат германскиот банкарски пазар.

Впрочем, голем број инвеститори и претприемачи подолго време зборуваат дека што банките подолго чекаат тоа повеќе гyбaт, без разлика што се’ уште постојат голем број непознати и pизици (особен околу сајбер-бeзбeднocтa) околу криптовалутите (higher but manageable risk > higher return). Иако банките се по природа конзервативни институции немаат луксуз да не го следат технолошкиот развој – колку и да самите криптовалути дури и да го загрозуваат постоечкиот монетарен модел. Особено во услови на екстра ниски камати (со што се намалува нето-каматната маргина на банките од која потекнува профитот).

Очекувано, веќе дел од компаниите најавија влез во германскиот пазар (Crypto Storage, Crypto Finance, итн.). И овој потег од ваков голем играч на светските пазари како Германија треба да има и големо позитивно влијание врз прифатливоста и зголемување на користењето на криптовалутите.

Интересно е како – и дали – воопшто германците ќе ја размрдаат цела ЕУ, а со тоа и нас. Иако се додека сме надвор од ЕУ имаме горе-доле слобода во креирањето на законите, сепак, за мене нејасно зошто, Македонија има заземено стратешки пристап да го копира ЕУ законодавството и таму/кога не мора.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This