(Видео) Има големо незадоволство во владеачкото мнозинство, Заев сам ќе бара предвремени парламентарни избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во денешното гостување во „Прашањето ми е следно“, зборуваше за расклатеното владино мнозинство и можноста некој од пратениците кои се дел од владеачката коалица да гласса против истата, како и за потребата од вонредни избори во Република Македонија.

Таравари истакна дека доста пратеници од владеачкото мнозинство со кои тој и неговата партија се во контакт се многу разочарани од функционирањето на Владата.

„Немаме информации дека некој би гласал против Вадата, меѓутоа незадоволствата се сѐ поголеми и поголеми, посебно помалите политички парти коишто се во групата на пратеници со СДСМ, и ја мислам дека Заев едвај функционира, тоа е дефинитивно, вие гледате, често ние за да бидеме коректни, за да биде поефкасен парламентот, влегуваме и правиме кворум, бидејќи немаат ни кворум, често се случува да немаат ни 61 пратеник“, изјави Таравари, додавајќи дека иако власта тврди дека пратениците отсуствуваат од здравствени причини, дел од нив протестираат поради незадоволство.

Таравари потенцираше дека е очекувано власта да се обиде да направи раскол во ВМРО-ДПМНЕ, во коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива, којшто (за нашиот дел зборам) нема да успеат.

„Имаме информации за одредени притисици врз одредени пратеници меѓутоа не им поминува тоа, и ја мислам дека, сум го кажал ова и пред три четири месеци, самиот Заев ќе инсистира набргу да има предвремени парламентарни избори. Има огромни шанси, бидејќи вака е тешко да се функционира“, смета Таравари.

„Прашањето ми е следно….“, 10-та епизода, прва сезона

„Прашањето ми е следно….“, 10-та епизода, прва сезона Гостин:Арбен Тараавари

Posted by infomax.mk on Thursday, February 11, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This