(Видео) И Македонија го има својот Џорџ Флојд: Со колено на врат, полициска бруталност во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во јавноста се појавија нови снимки од брутално и насилничко однесување на полицајци врз граѓаните.

Снмката е од пред една недела во Ченто, а на неа се гледа како полицски службеници удираат граѓани со клоци, им се обаќаат со пцовки и погрдни зборови, а се гледа и како по неколкумина полицајци ги пригмечуваат луѓето на каросеријата од полициското возило без граѓаните воопшто да пружаат отпор.

Во друго видео од истиот настан, се гледа граѓанин легнат на земја, со двајца полицајци врз него, од кои едниот со коленото му ја притиска главата на асфалтот, во постапка што многу потсетува на инцидентот во САД кога животот го загуби Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој предизвика масовни реакции и протести против полициската бруталност во целиот свет.

Полициска бруталност

Posted by Republika Nedelnik on Thursday, October 1, 2020

Инаку, инцидентот се случи во доцните часови на 24 септември на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје.

Како што тогаш информира МВР, на крстосница од оваа улица со помошна улица имало сообраќајна незгода помеѓу автомобил „фолксваген голф“, управуван од А.Р.(43) од Скопје и мотоцикл „јамаха“, управуван од Д.Г. (20) од с.Инџиково, скопско, по што Д.Г. и сопатникот на мотоциклот Д.Т. (19) биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. На сопатникот на моторот му биле констатирани тешки телесни повреди, додека возачот Д.Г. имал телесни повреди.

Според полицискиот билтен, два ипол часа подоцна, возачот на моторот, татко му и брат му се вратиле на местото на несреќата и се однесувале агресивно кон полицајците коишто го обезбедувале местото на несреќата.

На 25.09.2020 околу 00.30 часот, додека полициски службеници го обезбедувале местото на незгодата, дошол Т.Г.(44), чиј син учествувал во незгодата и се однесувал агресивно кон полициските службеници, а неговите синови Д.Г. и К.Г.(22) физички ги нападнале. Сите лица инволвирани во нарушувањето се приведени во Полициска станица Гази Баба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци – беше објавено во билтенот на МВР.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This