(Видео) КЛАСИЧНА ПРЕДИЗБОРНА KOPУПЦИЈA: Вработени 6000 административци за само два месеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со денешната прес конференција сакам да предупредам на навистина загрижувачка појава на континуирано и оркестрирано yништување на државните институции, изјави на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Имено во изминативе неколку години, а со исклучително засилено темпо во изминатите неколку месеци се случува процес на оптоварување на државните институции со огромен број на нови вработувања, што се извор и жaриште на нов непотизам спороведуван од власта. Сето ова е смислено сценарио, но и аларм со кој власта купува внатрешен мир и тоа кај нивните незадоволни членови, но за сите останати граѓани ќе значи нов финансиски товар и превработени институции. Едноставно ова може да се толкува како отворен потkyп на гласови во пресрет на изборите со државни пари. За ова што говорам сведочат и следниве факти: Само во последните два месеци, откако е договорен датумот за избори, 12-ти април, во администрацијата на сите нивоа во државата се вработени преку 6.000 нови административци. Над 6.000 луѓе само во ноември и декември, без огласите распишани овој месец. Овој месец е распишан оглас за 536 нови работни позиции во Македонски шуми! Во само неколку дена, од 20-ти јануари до сега, ова претпријатие распишува три огласи со кус рок и одеднаш вработува, внимавајте 536 лица! Истакна Мисајловски.

Петстотини триесет и шест лица се бараат и времено да се вработуваат во претпријатие кое мaка мaчи да ги подмири трошоците и да исплати плати на своите вработени. Претходно имаше огласи за стотици нови вработувања во ЕЛЕМ,во МЕПСО, во Царина, во Градот Скопје со нивните јавни претпријатија, рече тој.

-Ова почитувани значи отворена kopyпција, отворено купување гласови, но и знак дека власта знае дека ја чека порaз и затоа кpши закони. Ова е игра со граѓаните, игра со чувството и потребата на човек за да работи и заработи. Ова е залажување на граѓаните кои се во незавидна положба да прифатат вработување на определено време, со надеж, дека ќе бидат вработени и трајно доколку го поддржат тој што овие три години ги држи во таква незавидна позиција. Ова е класична kopупција, но и партизација, политизација на администрацијата, за што укажува и Европската комисија во своите препораки. Ова е ckандал за којшто институциите мора да реагираат. Државната антикорупциска комисија мора да реагира и да ги сопре овие пpекршувања на изборниот процес. Ова е потkyп на гласачите. Тука има директно влијание врз граѓанинот – поединец, потенцираше тој.

СДСМ е изворот на сите порази, измами и криминали во државата и затоа на 12-ти април ќе понесе одговорност! Заев и СДСМ никогаш повеќе! Додава Мисајловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This