April 30, 2024, 10:31 am

(ВИДЕО) КОГА БИЛ ГЕЈТС Е ТАЕН ДЕДО МРАЗ: На оваа среќничка и бил подарен пакет тежок 35 килограми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во наградната игра на интернет е одредено дека славниот милијардер ќе биде нејзин „Таен Дедо Мраз“. Добила подарок тежок 35. килограми кој ја воодушевил.

Шелби од Мичиген е среќничката на која на интернетската наградна игра и се паднало милијардерот Бил Гејтс да и биде Таен Дедо Мраз, за што вели дека годинешниот Божик и бил најдобар од сите досега, барем кога станува збор за подароците.

Бил Гејтс редовно учествува во наградната игра „Таен Дедо Мраз“ – размена на подароци на „Редит“, а тоа го правел со навистина импозантни подароци.

Имено, подароците не ги избираат неговите помошници туку самиот Бил, кој се труди да осмисли оригинални, промислени и персонализирани подароци кои ќе ги подари на примачот, а до информации за тоа што сакаат и посакуваат доаѓа преку прашалникот кој го пополнува секој учесник, пишува Business Insider.

Иако богатиот пакет кој го примила тежел 35. килограми, Шелби вели дека најдраг и бил делот за подарок за донација за американското здружение за здравје на cpцeтo во чест на нејзината мајка која во почетокот на годината пoчинaлa од инфapкт.
Шелби досега учествувала во 95. размени на подароци на Редит и рекла дека секогаш мислела дека би било интересно да се додаде Бил Гејтс во улогата на „Таен Дедо Мраз“.

Тој милијардер и филантроп веќе пет години учествува во тие тајни размени и се радува во пронаоѓањето на лични подароци за секој примач на основа на прашалникот кој се исполнува на почетокот на размената.
Кутијата која ја примила била преголема за да ја собере во нејзиниот автомобил, а внатре пронашла персонализиран плакат со рачно напишана порака од Бил Гејтс и колекција промислени подароци кои ја воодушевиле.

Еве што Шелби пронашла во својот таен пакет од тајниот Дедо Мраз.

– Колекција книги објавени во 2019. година кои лично ги препорачува Бил Гејтс, капа на Дедо Мраз во стилот на Хари Потер, обетки од Илијан Шилд, инспирирани од „Легендата за Зелда“, рачно изработена прекривка со тема „Легендата за Зелда“, висечка лежалка со мрежичка која штити од кoмapци, слатки – чоколадо со бадеми, чоколадо со нане и чоколадни желе бомбони, седум пакети Орео колачиња со различен вкус, играчка за мачки, за нејзината миленичка Ема, логичка игра на тема мачки, осум книги со тврди корици, копија од ракописот „Големиот Гетсби“, свеќа во која рачно е исечен одломок од „Големиот Гетсби“, два комплети „Лего“ за возрасни, еден кој се заснива на дворецот Хогартс од Хари Потер а друг на темел на R2D2 од „Вojнa на ѕвездите“, колекција меморабили инспирирани од серијата „Твин Пикс“, вклучувајќи тренерка, јакната која ја носела членка од актерската постава, книгата на режисерот Џонатан Сенгер и повеќе сценарија од втората сезона на серијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This