April 26, 2024, 10:03 pm

(Видео) Колев: Визија за развој на Велес, решавање на урбанистичкиот и сообраќаен xаос, град на културата и спортот, подобар град за нашите деца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Марко Колев, кандидат за градоначалник на град Велес, денеска се обрати пред своите сограѓани. Тој истака дека растел и живее во Велес во стариот дел на градот во добро познатата населба Црна Џамија, населба во која со векови се негува соживотот меѓу етничките и верските заедници.

– Веќе 12 години работам во Центарот за развој на Вардарски плански регион, од кои 6 ипол години раководев со институцијата. Овде се запишани имињата на проектите кои ги реализирав со мојот тим во општините Велес, Свети Николе, Лозово, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци и Демир Капија. Имам реализирано над 100 проекти. Проекти финансирани од министерства, агенции, бироа основани од државата како и од меѓународни агенции, амбасади како и од фондовите од Европската Унија. Проекти за реконструкција на патишта, водоводи, фекални и атмосферски канализации, проекти за велосипедски и пешачки патеки, проекти во индустриските зони, проекти за поддршка на туризмот и сообраќајни решенија, проекти кои се видливи.Почитувани сограѓани што видовме изминативе 4 години од локалната самоуправа предводена од СДСМ?Ветувања за капитални проекти како гасификација на Велес, едно метро цевка не ставија, изградба на обиколница,проект не направија, пречистителна станица, ветуваат проект од 23 милини евра, нема пречистителна станица во Велес, затворен базен, основно училиште, но и ветувања за реконструкции на улици, водоводни и канализациони мрежи. Реализација нема, 4 години стагнација. Јас имам визија што точно треба да се направи за Велес и како треба да се развива Велес во следните четири години. За Велес и Велешани доаѓаат убави денови. Ве гледам во очи и ви ветувам дека силно ќе работам на реализација на мојата програма која во изминатите неколку месеци заедно ја подготвувавме.

Колев презентираше дел од проектите предвидени за град Велес кои се неопходни за решавање на проблемите со кои се соочуваат велешани.

1. Генералниот урбанистички план кој е стар повеќе од 16 години заеднички мораме да го донесеме час поскоро, без ГУП нема развој.
2. Проблемот со сообраќајниот хаос во централното градско подрачје планираме да го решаваме во фази и веќе сме во консултации со најдобрите сообраќајни инжинери во Македонија.
3. Проблемот со кучињата скитници кој со години ги мачи велешани ќе го решаваме на регионално ниво.
4. Изградбата на кејот на реката Вардар е ќе биде мој приоритет.
5. Најавувам изградба на првиот Велосипедски парк во Македонија, кој ќе биде надвор од градот, помеѓу Велес и езерото Младост.
6. Силно ќе ја поддржам изградбата на основната инфрастуктура во индустриските зона УЗУС, Речани,Речани 2, Караслари и индустриска зона Мамутчево.
7. Ќе изградиме три спортско – рекреативни комплекси.
8. Мостот на реката Вардар кај Башино село иако е под надлежност на централната власт е проблем кој сите нас не засега, како локална власт ќе направиме се што треба да овој проблем се реши, во најбрз можен рок, појасни Колев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This