(Видео) КОТЕВСКИ ДО ЗАБРЧАНЕЦ: Излезете надвор да ги пречекате „Фејсбук“ и „Гугл“, гужва е

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Излезете надвор да ги пречекате „Фејсбук“ и „Гугл“, гужва е тука не можат да ред да дојдат луѓево тука за да инвестираат.

Вака вечерва му порача директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски на советникот за односи со јавност на Зоран Заев, Марјан Забрчанец, за време на дебатата за лажни вести во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 вечерва.

Според Котевски, Заев е синоним за лагата и кога и да отвори уста само лаже.

На 12 септември 2017 година, во емисија Заев изјави дека се подготвува инвестиција на интернет гигантите „Фејсбук“ и „Гугл“ кои треба да дојдат во Македонија. „Владата ќе работи на задржување и привлекување на странски инвеститорите но со еднаков третман и на домашните компании“. Се потепаа и „Гугл“ и „Фејсбук“ за да дојдат. Е тоа е Зоран Заев, синоним за лагата. Класична лажна вест. Ова е од 2017, а сега сме 2019 година, потенцираше Котевски.

Според Котевски, веста дека Google и Facebook доаѓаат во Македонија е FakeNews #ClickPlus

Posted by TV21 on Thursday, October 31, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This