(Видео) Кочани како Бејрут: Се тeпaaт луѓе, се следат новинари, полицијата место да ги aпcи, ги штити и ги предупредува потkyпувачите за да не бидат фатени на камера…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно лице беше нападнато и брутално претепано во Кочани. Според информациите до кои дојде Инфомакс, нападот го извршиле група насилници кои ги нападнаа новинарите на Инфомакс и им ја искршија опремата. Нападнатото лице го шутирале додека бил легнат на земја и завршил со раскрварена аркада и пукнат нос.

„Ситуацијата во Кочани, ден пред избори е како во Бејрут. Јас се чувствувам како да сум во Појасот Газа, како во Судан, во некои од тие северно афрички земји, а не во Република Македонија. ова е страшно што се случува на ден пред избори, и тоа локални избори А да не зборуваме за избори како парламентарни или за влда. Полицијата ја нема никаде, односно ја има онаму каде што треба да обезбедува евентуален поткуп и да ги преупреди поткупувачите дека екипата на Инфомакс доаѓа. Значи ако екипата на Инфомакс оди некаде, каде што има информација дека се врши незаконско агитирање, или поткуп, тогаш полицијата ја следи екипата на Инфомакс, се јавува на активистите кои што го прават поткупот за да оние кои што ги земаат парите се растргнат. Тоа е ситуација и во Кочани, и во Охрид, и во Битола, и во Гевгелија, и во Демир Капија, и секаде каде што ќе има втор круг од локалните избори. Ова е страшно. Ова е далеку од демократија, далеку од прогрес, далеку од најдоброто за вашата или за мојата општина. ова е катастрофа. Ова не е држава, ова не е демократија, ова е режим, во кој што владеат неколку фамилии од власта.

Во Охрид, министерот за здравство, заедно со еден локален т.н. шериф, господинот Усеини, оди на терен, спроведува предизборна кампања. Министерот за здравство со тој човек, добро познат и на полицијата и на јавноста поради неговото досие, врши кампања во Охрид и прибира гласови.

„На ова мора да му се стави крај, мора во оваа држава да владее правото, и законите. мора да се почитува демократскиот процес на избори. Ова е крајно недозволиво. Сите инциденти кои се однесуваат на екипата на Инфомакс веќе се пријавени во сите меѓународни организации, до сите релевантни амбасади во Решублика Македонија, до Европската унија, до Европската комисија, до Меѓународните организации за новинари. Нас, како нонинари и новинарски екипи не заштитува Европската конвенција а заштита на слободата на говор, не заштитува Конвенцијата на обединети нации за човекови права. Ние само ја вршиме нашата работа. И уште еднаш, апелирам до полицијата, да си ги собере своите пајтуши по терен и да не не легитимира нас, новинарите, да не не застанува и да не не претресува без потреба да не држи, додека на други места се одвива поткуп“, апелира Митовски од терен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This