(Видео) Лyдилo во Aтинa: Boзнемиpyвачко – Moлотови koктели кон полицajците, еден е тeшko повpeден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчки полицаец бил сериозно повреден вечерва за време на судир со демонстранти во Атина, кои излегле на улиците во знак на протест против полициското насилство.

Конфликтот се случил во атинската населба Неа Смирна, а полицаецот бил погоден во вратот со факел или камен, поради што неговите колеги формирале круг околу него за да го заштитат додека не пристигне брзата помош и го однеле во болница, објави весникот „Катимерини“.

Според државната телевизија ЕРТ, напаѓачите со качулки фрлале молотови коктели кон полицијата, која одговорила со солзавец.

https://twitter.com/ferozwala/status/1369365987980623875

Во близина на местото на судирот, полицијата пронашла ранец полн со молотови коктели и факели.

Неколку паркирани автомобили се оштетени, а на снимките на социјалните мрежи може да се видат и повеќе запалени контејнери.

Претходно, околу 5.000 луѓе се собраа на главниот плоштад во областа Неа Смирна, каде и изминатиов викенд имаше пресметка со полицијата.

Жителите на Атина излегоа на уливите во знак на протест против инцидент што се случил во неделата, а за кој се појави и снимка на социјалните мрежи на која се гледа како полицаец со палка безмилосно тепа момче.

Полицијата соопшти дека испратиле патрола со мотоцикли на плоштадот Неа Смирна за да проверат дали се почитуваат мерките за контрола на коронавирусот, додавајќи дека добиле голем број извештаи за непочитување на тоа место.

Државното обвинителство наредило истрага за да се испита дали има основа за поднесување на кривична пријави против полицајците за употреба на прекумерна сила, а и полицијата соопшти дека започнала внатрешна истрага.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This