(Видео) МАВЕРИК СЕ ВРАЌА НА ФИЛМСКОТО ПЛАТНО: Том Круз најави продолжение на Топ Ган

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Топ Ган“ се врати. Актерот Том Круз ненадејно се појави на Комик-Кон за да го прикаже првиот инсерт од долгоочекуваното продолжение на овој акционен филм.

„Топ Ган: Маверик“ треба да почне да се прикажува во јуни 2020 година, а во него ќе се врати темпераментниот вoeн пилот по повеќе од 30 години од изворниот филм, кој го претвори американскиот глумец во светска ѕвезда.

– Постојано ме прашуваат: Кога ќе снимиш втор? Бевте многу трпеливи и чувствував дека е моја одговорност тоа да го исполнам, истакна Круз пред обожавателите на Комик-Кон, каде се собираат љубители на филмови, телевизија и книги во Сан Диего.

Продолжението на филмот следува повеќе дестици години од оригиналниот филм во 1986 година и во него се појавуваат глумците Мајлс Телер, како син на пилотот Гус, кој го играше Ентони Едвардс и кој беше yбиeн за време на вежбите во првиот филм, како и Џон Хам, Ед Харис и Вал Килмер, повторно во улогата на „Ајсмен“, coперникот на Маверик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This