(Видео) МАКЕДОНИЈА ЈА КЛEKHA ГEPМАНИЈА HA KOЛЕНА – OДИМЕ НА СBETCKO: Огpoмна побeдa на македонската репрезентација над фудбалската велесила

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска фудбалска магија се случува во оваа тешка година за Македонија, година на светска пандемија и економски предизвици.

Сепак се чини дека македонската фудбалска репрезентација ќе го исправи впечатокот и ќе го крене моралот на народот по спектакуларните успеси кои што ги реди изминативе неколку месеци.

Македонија најпрво се пласираше на Европското првенство во фудбал, а сега ја шокираше големата фудбалска велесила Германија.

Првиот дел од првото меѓусебно соочување на Германија и Македонија мина во знакот на доминација и неколку шанси на четирикратниот светски шампион, но и една супер-закана и водство со гол во надополнувањето на македонската селекција (0-1).

Во второто полувреме резултатот беше 1:2, а Македонија избоксува голема победа над неколкукратниот светски и европски шампион во фудбал во квалификациите за Светското фудбалско првенство.

Единствениот гол Германија го постигна од пенал, а вториот погодок за Македонија го постигна големиот Елиф Елмас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This