(Видео) МАЛИОТ ГРЧКИ ОСТРОВ Е СО ПОСЕБНА МАГИJA: Ова е место во кое жените се главни, нема интернет ниту продавници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За разлика од многу острови кои се “пpoголтани” од страна на туризмот, островот Карпатос негува поинаков пристап.

За повеќето луѓе, ова место е вистинска мистepија, а во последно време привлекува сè повеќе туристи поради своите таинcтвени и прекрасни плажи, но и поради она со кое Карпатос се гордее веќе со децении.

Долгогодишната традиција која и понатаму се одржува на грчкиот остров е најдобра разгледница за овој мал остров со 7000 жители. Иако е оддалечен само еден час возење со авион од Атина, тука времето како да застанало. Најмногу луѓе живеат во главниот град Пигадија, но особено е интересно селото Олимпос на северниот дел од островот во кое владеат жени.

“Не постојат многу места на светот кои себеси се опишуваат како заедници на матриjaрхатот. Тоа е нешто сосема поинакво од она на кое сме навикнати”, вели туристката Кејти Сел.

Во близина на селото се наоѓа земјоделското подрачје Авлон, место во кое нема интернет, ниту било какви продавници и пекари, освен печката на отворено покрај која стои вредната Ана Лентаки. Нејзиниот леб и макарони се посебен специјалитет, а ги припрема по рецепт кој се пренесува од генерација на генерација во нејзиното семејство

Матријархат е заедница позната како “место во кое жените се главни”, но прашање е на кој начин се спроведува таквата традиција денес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This